• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Жената што одгледува 700 мачки

23 септември 2011, 14:33
  • cподели

Многумина ќе ја наречат луда, но Линеа Латанзио вели: „Не сум луда, но она што го правам е лудо“. Таа одгледува повеќе од 700 мачки и се смета дека е сопственик на најголемото засолниште за мачки на светот.

Линеа со дел од мачкитеЛинеа со дел од мачките

Својот голем имот кој се простира на површина од над 48 000m2 Линеа го претворила во центар за напуштени мачки. На огромниот имот нема кафези и мачките се движат слободно. Постојат одделни простории за медицинска нега и за хранење, а има и старечки дом за повозрасните мачки мирно да ги поминат последните денови од животот.

„Никогаш не ми беше дозволено да имам маче кога бев мала, а тоа беше единственото нешто што го сакав“ – изјавила таа.

Засолништетео за мачки на Линеа

Проектот на Линеа започнал пред 20 години, веднаш по нејзиниот развод. Таа посвоила 15 мачиња, иако имала намера да земе само 2.

„По една година веќе имав 96 мачки кои ќе беа успиени. По 3 години имав 350 мачки и како што се ширеше веста за мојот центар, така луѓето оставаа сè повеќе мачки пред мојата врата. До времето кога имав 350, ги знаев сите на име. Но, после тоа престанав да бројам“ – раскажала среќната мачкарка.

Засолништетео за мачки на Линеа Засолништетео за мачки на Линеа

Месечно Линеа треба да обезбеди по 40 000 долари од донации за да може сите мачки да ја добијат потребната грижа. Заедно со тим од 25 волонтери таа успева да им го даде на своите миленици потребното внимание, но честопати треба да вади од својот џеб за да ги покрие трошоците.

„Го продадов мојот венчален дијамантски прстен и мојот Мерцедес за да ги покријам големите трошоци“ – признала таа.

Линеа со дел од мачкитеЛинеа со дел од мачките

Сепак, и покрај сето тоа, Линеа е пресреќна со она што го прави и вели дека ќе продолжи со напорната работа до крајот на животот. „Се будам среќна секое утро. Се чувствувам исполнета затоа што знам дека правам нешто добро за светот“ – додала таа.

Tags
мачки

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.