• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Замокот на Селин Дион кој се продава за 29 милиони долари

18 мај 2012, 09:25
  • cподели

Селин Дион е една од дамите со најголема заработка во шоу-бизнисот, па очекувано нејзиниот дом е луксузен и екстравагантен. Славната 44-годишна пејачка и нејзиниот сопруг Рене Анжелил го продаваат својот замок сместен на приватен остров во Канада и најпосле нивните обожаватели имаат можност да ѕирнат во домот, достоен за кралица.

Замокот е проширен и реновиран од Селин и Рене во 2001 година и се простира на површина од 2.230m2. Вклучува 6 спални соби, 6 бањи, 3 трпезарии од кои едната е официјална и има голема маса за 18 лица, библиотека и прекрасна винарска визба.

Селин и Рене одлучиле да се разделат од прекрасниот дом зашто најголем дел од своето време го поминуваат во САД. „Најмногу сме во Флорида, Рене-Чарлс оди на училиште таму. И се разбира, имаме обврски во Лас Вегас поради Селин“ – изјавил Рене.

Поради високата продажна цена од 29 милиони долари, имотот на Селин се вбројува меѓу петте најскапи домови во Канада.

Замокот е заграден со високи порти и ограда, но и покрај тоа привлекува многу туристи кои изнајмуваат бродови за да можат да се доближат до куќата и да ја фотографираат.

Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене Замокот на Селин и Рене

Погледнете и видео од замокот:

Tags
Селин Дион

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.