• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Чуден свет

ФОТО: Си ја здебелил девојката за да не привлекува други мажи, а потоа ѝ предложил брак

15 април 2015, 10:30
  • cподели

Кога Јоу Пан ја запознал својата избраничка Јен Тај, тој посакал да ја има покрај себе засекогаш. Љубоморното момче веднаш смислило план да ја здебели Јен за таа повеќе да не им биде привлечна на мажите.

Атрактивната Кинескиња тежела околу 45 кг кога започнала да се состанува со Јоу, а сега, две години подоцна, изгледа непрепознатливо поради зголемената телесна тежина. 20-годишната девојка во моментов тежи околу 90 кг.

Јоу Пан и Јен Тај

Се прашувате како Јоу успеал да ја здебели својата сакана? Тој секој ден трошел мало богатство за да ја разгалува Јен со вкусни појадоци, огромни ручеци и обемни вечери. Посесивниот 25-годишен Кинез понекогаш дури и ја будел Тај во текот на ноќта за да ѝ дава грицки.

Откако девојката целосно си го променила изгледот, Јоу решил да ја однесе нивната врска на следното ниво. Неодамна, тој ја побарал Тај за жена, а неговиот романтичен гест вклучувал огромен букет од чоколадни бонбони. Значајното прашање Јоу го поставил пред еден од омилените ресторани на парот, додека нивни пријатели држеле во рацете фотографии од јадења. Се разбира, Тај не му одолеала на предлогот и веднаш рекла „да“.

Јоу Пан и Јен Тај Јоу Пан и Јен Тај Јоу Пан и Јен Тај Јоу Пан и Јен Тај Јоу Пан и Јен Тај

Невообичаената врска го привлече вниманието на кинеските социјални мрежи, а веста за неа подоцна се рашири низ светот. Еден од соседите на парот ја потврдил вистинитоста на приказната, велејќи: „Тешко е да се поверува колку многу се здебели Јен, но таа сè уште е убава. Таа ќе биде прекрасна невеста и сигурен сум дека ќе бидат многу среќни заедно.“

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Државна лотарија

    Новогодишен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван на Државна лотарија

    Thu, 01/08/2026 - 11:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.