• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Сара Џесика Паркер позираше со своето семејство за Вог

13 јули 2011, 09:24
  • cподели

Сара Џесика Паркер му дозволи на американскиот „Вог“ да ѕирне во нејзиниот приватен живот.

46-годишната актерка позираше за „Вог“ заедно со нејзиното семејство и даде неколку отворени одговори на прашања поврзани со нејзината кариера, личниот живот и модата.

Метју, Сара и нивните три децаМетју, Сара и нивните три деца

Паркер, позната по нејзината улога во серијата „Сексот и градот“, со став и грациозност блеска на фотографиите покрај својот сопруг Метју Бродерик, 8-годишниот син Џејмс Вилки и 2-годишните близначиња Табита и Марион Лорета, кои се родени од сурогат-мајка.

Сара Џесика Паркер

Динамичната Паркер во интервју за списанието го опиша текот својот живот со зборовите „како брод којшто избегнува санти мраз“ и призна дека нејзиниот живот воопшто не наликува на животот на Кери Бредшо. Еве уште неколку интересни моменти од интервјуто.

Сара Џесика Паркер со ЏејмиСара Џесика Паркер со Џејми

За поврзаноста со ликот на Кери Бредшо: „Животот на Бредшо нема никаква врска со мојот. Обожавав да ја играм таа улога, таа го промени мојот живот на многу убав начин, но јас не сум дама луда по чевли, не мислам на модата по цел ден, иако имам голема почит кон таа индустрија.“

Сара Џесика Паркер со Метју БродерикСара Џесика Паркер со Метју Бродерик

За својата улога како родител: Паркер користи стратешко планирање и навечер додека лежи в кревет размислува: „Што треба да направам, како да ги однесам децата од А до В, што е потребно да направам за мојата работа. И на сето тоа додавам некоја средба со пријатели... Она што најмногу ме чуди е колку многу правиме во текот на еден ден. Немаме послуга којашто живее со нас. Ние сме родители со полни раце работа. Тоа е нешто што нам ни е многу важно и не го избегнуваме. Што е поентата да имаш семејство ако навистина не учествуваш во него?“

Сара со нејзините две близначињаСара со нејзините две близначиња Сара со Џејми и негови другариСара со Џејми и негови другари

За папараците: „Го следат секој мој чекор додека не се вратам дома.“

За годините и кариерата: „Мислев дека ова е возраста којашто треба да ме загрижува. Во последните 5-6 години размислував: Ох, ова е возраста за која слушав, ова е лошата возраст кога работата ќе започне да се намалува. Претпоставував дека во оваа фаза од мојот живот ќе бидам фрустрирана, оставена назад или маргинализирана, играјќи улоги што не ги сакам. Но, толку сум зафатена и сè уште не гледам таков период. Не велам дека не доаѓа и дека нема да ме удри како тон цигли, но пронаоѓам работа која ми е возбудлива.“

Сара Џесика Паркер
Tags
Сара Џесика Паркер
Метју Бродерик

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.