• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

ФОТО: Пушењето предвреме ја старее кожата на лицето

31 октомври 2013, 13:27
  • cподели

Пушењето го уништува здравјето и секој дел од нашето тело ги чувствува последиците од вдишувањето на чадот од цигарите.

Ново истражување со идентични близнаци визуелно покажува дека пушењето видливо го старее лицето.

„Покрај рак на белите дробови и срцеви и мозочни удари, уште една добра причина за да прекинете со пушењето е тоа дека дефинитивно прави да изгледате постари“ – вели дерматологот д-р Елизабет Тазни.

Во истражувањето биле анализирани фотографии од 79 пара идентични близнаци. Тројца пластични хирурзи ги споредувале знаците на стареење и потврдиле дека близнаците кои пушеле имале полоши оценки за подочници, опуштена кожа на образите, брчки околу усните и опуштена кожа на подбрадокот во споредба со нивните браќа или сестри кои не пушеле воопшто.

Истражувачите исто така ги споредувале лицата на близнаци пушачи, но во случаите кога едниот од нив пушел барем 5 години подолго од другиот, и дошле до заклучокот дека оние кои пушеле подолго време изгледале постари од своите браќа или сестри.

Предвременото стареење на кожата од пушењето најмногу е видливо на долните две третини од лицето, велат авторите на студијата. Тие не забележале очигледни разлики меѓу пушачите и непушачите кога станува збор за брчките на челото и брчките на надворешната страна на очите.

Стареење на кожата поради пушењеЛичноста на левата страна пушела 17 години подолго од личноста на десната страна (најголема разлика има кај брчките околу устата и подочниците) Стареење на кожата поради пушењеЛичноста на десната страна е пушач, личноста на левата страна е непушач. Стареење на кожата поради пушењеИ двајцата близнаци се пушачи. Оној на десната страна пушел 14 години подолго од својот брат. Стареење на кожата поради пушењеЛичноста на левата страна е непушач, додека личноста на десната страна пушела 29 години.

Истражувачите зеле предвид и други фактори кои можат да придонесат за стареење на кожата, како консумација на алкохол, стрес од работата и оштетување предизвикано од сонцето.

Целта на објавувањето на фотографиите била да им се даде на луѓето уште една причина плус за да се откажат од пушењето или никогаш да не започнат да пушат.

Tags
пушење
цигари

Најнови

  • Нави Пилај

    Го бранела Нелсон Мандела, претседавала со комисијата која заклучи дека Израел извршил геноцид во Газа: Која е Нави Пилај, добитничка на Нобеловата награда за мир?

    Fri, 10/09/2026 - 14:35
  • Македонка си го трансформираше телото по 2 бремености, сега е во најдобра форма во животот

    Fri, 10/09/2026 - 14:18
  • „Слушни ме“ на Слаткар

    Музиката за филмот за Слаткаристика - „Слушни ме“ се снима во студиото FAME’S со музичари од целиот свет

    Fri, 10/09/2026 - 13:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.