• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Првата колекција на Кание Вест доби мешани критики

3 октомври 2011, 13:48
  • cподели

Кание Вест и официјално влезе во светот на модата. Познатиот рапер собра храброст од пасивен посетител на модните ревии да стане еден од дизајнерите.

Неговата прва колекција беше презентирана во саботата вечерта пред очите на видни дизајнери, модни критичари и негови колеги од шоу-бизнисот. Во првиот ред на ревијата место добија близначките Олсен, Линдзи Лохан, Ана Винтор и Силвија Вентурини Фенди.

„Најголемата пречка којашто треба да ја преминам е концептот за селебрити или хих-хоп дизајнер“ – изјавил Вест со надеж дека нема да биде разбран како уште една славна личност која сака да скокне во модните води.

И откако шоуто заврши, критиките започнаа. Некои беа позитивни, други негативни, а имаше и „златна тишина“.

„Наредната сезона Кание треба да си земе кројач за облеката да биде со точна големина. Моделите пливаа во некои креации. Тоа го убива жешкиот изглед, нели?“ – напиша Кети Хорин од New York Times.

„Беше неверојатно. Облеката, атмосферата во просторијата, енергијата зад сцената – беше специјално“ – изјавила пејачката Сиера.

„Мое лично мислење за колекцијата – тоа е облека за племето Кание, жени кои мора да присуствуваат на Греми наградите во впечатливи алишта кои покажуваат многу кожа“ – Блу Кареон од Форбс.

Колекцијата беше изработена од многу кожа и крзно, што им даде дополнителен аргумент на критичарите за да упатат лоши зборови. Сепак, крзното и кожата и не се баш типични материјали за колекција предвидена за пролетните и летните месеци.

Додека едни ја пофалија храброста на Кание и му посакаа успех во понатамошната дизајнерска кариера, други со своите критики му укажаа да си се посвети само на музиката. Останува да видиме дали амбициозниот рапер ќе остане успешно да се бори со ајкулите во модната индустрија, дали ќе се откаже целосно или само ќе ги облекува своите богати и славни пријатели.

Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Колекцијата на Кание Вест Колекцијата на Кание Вест
Tags
Кание Вест
Париската недела на модата пролет лето 2011

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.