• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Претставен проектот „Создаваме заедно“ на ГАК и Violeta

17 октомври 2018, 14:27
  • cподели

Денес во ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство беше претставен проектот „Создаваме заедно“, кој компанијата Violeta како производител на пелени и марамици за бебиња го работеше со клиниката, а со цел да се разубави и оплемени просторот во кој претстојуваат родилките и нивните бебиња.

Она што се создаваше заедно е: боење на сите соби предвидени за претстој на родилките, нови креветчиња за бебињата, постелнина за големи и мали кревети, спаваќици за родилките, бенкици за бебињата итн.

Целиот проект траеше неколку месеци бидејќи се водеше сметка непречено да се одвива работата во родилиштето и пациентите на бидат заштитени.

Violeta Violeta

Најголемиот придонес го даде самата клиника, односно нејзините вработени на чело со директорката Викторија Јовановска, кои беа повеќе од организирани за сѐ да се изведе.

Пораката која компанијата Violeta ја сподели по повод овој проект е: „Во овој проект влеговме со желба дополнително да ја разубавиме првата средба помеѓу мајката и бебето и на тој начин да го прославиме новиот живот и раѓањето. Децата се нашата иднина и затоа сите компании и институции кои планираат опстанок на овие простори би требало да дадат свој придонес да ги задржиме младите луѓе и нивниот живот да го направиме што подобар и поквалитетен.“

Поддршка на оваа иницијатива дадоа Министерството за здравство на Република Македонија на чело со Министерот Венко Филипче и Амбасадата на БиХ во Скопје на чело со Амбасадорката Лепа Бабиќ, кои денес исто така присуствуваа на претставувањето на проектот.

Violeta Violeta Violeta

Министерот во својата изјава се заблагодари на компанијата Violeta и порача дека ГАК сега има далеку подобри услови за родилките од приватните клиники.

Во своето обраќање Амбасадорката Лепа Бабиќ изјави дека е горда на сѐ што се направило преку овој проект и дека е среќна што била дел од него.

Освен клиниката во Скопје, оваа година компанијата Violeta го поддржа и родилиштето во болницата во Охрид каде донираше пулсен оксиметар, како и родилиштето во болницата во Струга кое ќе биде побогато за неколку детски креветчиња.

Violeta

Инаку компанијата Violeta веќе има соработка со овие родилишта, каде секое новороденче добива на подарок пакет Violeta производи.

Од компанијата истакнуваат дека кај нивните производи најважно им е задоволството на потрошувачите, а за да го остварат тоа тие постојано инвестираат во развој на производите, нови технологии и контрола на квалитетот. Зад нив стои Здружението на педијатри во БиХ, како и бројни потврди на квалитетот од независни лаборатории како што е SGS Courtray, кои пелените на овој производител го оценуваат со класа А, што воедно е и највисока оценка.

Violeta Violeta

Комерцијален текст

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.