• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Невестинскиот фустан што Ралф Лорен го дизајнираше за ќерка си

20 јули 2011, 12:35
  • cподели

Ако вашиот татко е врвен дизајнер, нормално дека ќе сакате токму тој да го дизајнира најважниот фустан во животот – невестинскиот. Тоа го направи и 37-годишната Дилан Лорен, ќерката на славниот Ралф Лорен.

Иако нејзината свадба се одржа пред неколку недели, првата фотографија од фустанот на Дилан се појави дури сега, на насловната страна од августовското издание на списанието Вог.

Дилан ЛоренДилан Лорен во фустанот дизајниран од Ралф Лорен

71-годишниот дизајнер признал дека дизјанирањето на фустанот за Дилан не било лесно, затоа што сакал да е нешто специјално.

„Морав да направам нешто што е подобро од сè претходно... Кога правите нешто за своето семејство или за својата ќерка... мислам, таа е единствената ќерка што ја имам – прекрасна девојка, само сакам да ѝ дадам нешто што ќе го цени и нешто што навистина ќе биде прекрасно. Сакам да се чувствува фантастично“ – изјавил Ралф за време на своето интервју со Опра.

За да го направи идеалниот фустан, тој побарал и консултација со една од најпознатите креаторки на венчаници, Вера Ванг.

Списанието Вог посебно се концентрира на кариерата на Дилан. Таа е сопственик на ланецот продавници за бонбони Dylan's Candy Bar.

„Сакам да креирам свој Дизниленд од бонбони... Бонбоните се детство. Најдобрите и најсветлите моменти кои посакуваш да траат вечно“ – изјавила таа.

Tags
Ралф Лорен
Дилан Лорен

Најнови

  • Каде што започна сѐ: Дечиња зачнати со инвитро се вратија да му се заблагодарат на тимот на „Плодност“

    Tue, 04/14/2026 - 10:59
  • Бредли Купер со ќеркичката Леа и 20 години помладата девојка Џиџи Хадид на прошетка во Менхетен

    Tue, 04/14/2026 - 10:09
  • Позираше пред домот на Кери Бредшо, прошета по Бруклинскиот мост... Лила Филиповска на велигденско патување во САД

    Tue, 04/14/2026 - 09:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.