Беверли Хилс синоќа беше најжешкото место на светот благодарение на 71. издание на „Златен глобус“. По долготрајни подготовки, холивудските ѕвезди зачекорија на црвениот тепих, застанувајќи под лупата на модните критичари и публиката од целиот свет.
Модниот избор на многу од дамите беше дочекан со комплименти, но настанот не помина и без неколку модни промашувања.
Лупита Нионго дефинитивно привлече најмногу позитивни критики со креацијата со невообичаена силуета од Ралф Лорен.
Погледнете што носеа ѕвездите и оценете го нивниот изглед.

























































