По завршувањето на спектакуларното шоу на Victoria’s Secret, славните манекенки се упатија на традиционалната забава на познатиот бренд.
Како и минатата година, на розовиот тепих доминираа црни и бели комбинации.
Џасмин Тукс и Шанина Шајк шармираа во креации од легендарниот Зухаир Мурад, Алесандра Амбросио избра креација од Муглер, Адријана Лима се појави во златна креација од Александар Воте, а Кендал Џенер носеше фустан од ателјето на Версаче.
Погледнете како изгледаа моделите и гостинките на Victoria’s Secret и оценете го нивниот стил.











































