Забавни и откачени модни комбинации го преплавија црвениот тепих на доделувањето на MTV VMA наградите во Бруклин.
Во духот на новиот хит „Roar“, Кети Пери се појави во тесен фустан со животински принт од Емануел Унгаро, Рита Ора изненади со сина креација со екстравагантно здолниште, а Селена Гомез стави акцент на сексапилот со креација од високата мода на Версаче. Поретки беа ѕвездите како Тејлор Свифт кои блескаа во гламурозен стил.
Мајли Сајрус со модниот избор заработи многу негативни коментари, а нејзиниот настап на манифестацијата остави многу подотворени усти.
Оценете го стајлингот на ѕвездите.























