Најголемиот настан синоќа во Њујорк беше галата на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата). Бројни славни лица присуствуваа на свечената вечера и го поддржаа хуманитарниот настан. Досега amfAR Њујорк има собрано над 15 милиони долари.
На црвениот тепих, Адријана Лима и Изабел Голарт зачекорија во креации од Маркеса, Зухаир Мурад ги облече Хајди Клум и Шанел Иман, Блејк Лајвли позајми светол краток фустан од високата мода на Шанел, а Хана Дејвис и Парис Хилтон му го доверија својот изглед на Ели Сааб.
Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил.


































