Синоќа се одржа традиционалната хуманитарна гала на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата) во рамките на Канскиот филмски фестивал. Овогодишното 24-то издание на галата ја славеше „Златната ера на Холивуд“.
Со помош на аукција беа собрани вкупно 17,8 милиони евра за потпомагање на борбата против сидата. Армија модели дефилираа пред гостите, а сите фустани од ревијата беа продадени за 3 милиони евра. Гостин плати 350.000 евра за да може да игра фудбал со Дејвид Бекам, додека автомобил 1958 Jaguar XK150 се продаде за 600.000 евра.
Стотици славни лица се забавуваа во луксузниот „Hotel du Cap-Eden-Roc“. Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил:













































