Гламурот и елеганцијата се задолжителен елемент на хуманитарната гала на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата), која секоја година се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал.
Добротворната манифестација годинава резултираше со собирање на околу 30 милиони евра за потпомагање на борбата против сидата.
За време на аукција беше продадена скулптурата „Coloring Book“ од Џеф Кунс за вртоглави 12 милиони евра, додека Леонардо Дикаприо донираше дело од Банкси кое се продаде за 1 милион евра.
Погледнете како изгледаа гостинките на галата и оценете го нивниот стил.





















































