„Warner Bros.“ и „InStyle“ традиционално и оваа година организираа забава по завршувањето на Златен глобус 2020.
На свеченоста во хотелот „Беверли Хилтон“ присуствуваа бројни холивудски ѕвезди кои славеа за своите награди, како и за наградите на колегите.
Џесика Алба шармираше во креација со металик ефект од Џеј Мендел, Парис Хилтон избра делумно проѕирна креација, Сара Хајленд својот изглед ѝ го довери на Моник Лулие, додека Џасмин Сандерс носеше фустан од Жорж Хобеика.
Погледнете како изгледаа гостинките на луксузната забава и оценете го нивниот стил:



































