Откако беше ставен крај на најзначајната холивудска манифестација, ѕвездите се упатија да прослават на традиционалната постоскаровска забава на Vanity Fair.
На гламурозниот настан, славните гостинки се потрудија да се покажат во најдобро светло, избирајќи впечатливи креации од врвни модни куќи и дизајнери.
Бремената Сиара го истакна трудничкото стомаче во кадифен фустан со длабоко деколте, потписот на Зухаир Мурад стоеше на аутфитите на пет дами, Софија Вергара се појави во фустан од Мајкл Корс, а Џесика Алба изгледаше шармантно во фустан од Ралф и Русо.
Погледнете како изгледаа славните дами и оценете го нивниот стил:











































































