Холивудските дами смело дефилираа на црвениот тепих пред почетокот на престижната манифестација „Златен глобус“. Модната парада во Беверли Хилс се темелеше на елеганција и гламур, но недостигаа повозбудливи стилски комбинации.
Сексапилните силуети на Версаче се покажаа како атрактивни за Хајди Клум, Синди Крафорд, Ејми Адамс, Џејн Фонда, Кејт Хадсон и Џесика Частеин. Анистон, која беше номинирана за Златен глобус, се појави во црна креација на Сен Лоран, додека модната куќа Кристијан Диор застана зад изгледот на Амал Клуни и Фелисити Џонс.
Кира Најтли, која неодамна потврди дека е во блажена состојба, избра креација од Шанел, а Кејт Бекинсејл, доследна на својот стил, повторно позајми тоалета од Ели Сааб.
Класичната црвена боја заведе многу од гостинките, но на свечениот настан многубројни беа и тоалетите во бела и сребрена боја и нежни бежови и розови нијанси.
Погледнете како изгледаа ѕвездите и оценете го нивниот стил:





























































