Во екот на сезоната на доделување на награди, во Лос Анџелес се одржа уште една холивудска манифестација.
Синоќа беа доделени SAG (Screen Actors Guild) наградите на најуспешните во филмската и телевизиската индустрија.
На црвениот тепих, ѕвездите парадираа во впечатливи креации обидувајќи се да се претстават во најдобро светло. Лупита Нионго избра фустан од Ралф и Русо, Хали Бери шармираше во креација на Памела Роланд, Менди Мур блесна во модно парче од Ралф Лорен, а Марго Роби зрачеше со холивудски гламур во елегантен фустан со пердуви.
Погледнете како изгледаа славните гостинки и оценете го нивниот стил:

























































