Најспектакуларната холивудска свеченост ги привлече ѕвездите во Долби театарот и ги поттикна да заблескаат во полн сјај. Неколкумесечните подготовки за црвениот тепих на 87. издание на Оскар кулминираа со модна парада со креации кои чинат мало богатство.
Белите и бежовите фустани се покажаа како најпривлечни за дамите. Џенифер Анистон, Скарлет Јохансон и Зои Салдана ѝ го доверија својот изглед на Донатела Версаче, Џена Деван-Тејтум, Ана Фарис и Криси Тиген избраа фустани од ателјето на Зухаир Мурад, Рис Витерспун пленеше со класична елеганција во креација на Том Форд, Џесика Частеин и Розамунд Пајк изгледаа гламурозно во секси фустани од Живанши, додека Фелисити Џонс избра аутфит од модната куќа Александар МекКвин.
Ема Стоун и Џенифер Лопез за својот стил го ангажираа Ели Сааб, Кира Најтли го покри трудничкото стомаче со креација на Валентино, а Џулиен Мур шармираше во фустан од Шанел.
Погледнете како изгледаа дамите и оценете го нивниот стил.
Ана Винтур со ќерка си Би Шафер
Бенедикт Камбербач и Софи Хантер
Еди Редмејн и Хана Бегшоу
Дејвид Буртка и Нил Патрик Харис










































