Синоќа се одржа доделувањето на iHeartRadio Music Awards во Калифорнија.
Ед Ширан беше прогласен за Најдобар машки изведувач, а неговиот хит „Shape of You“ беше избран за Песна на годината. За Најдобар женски изведувач беше избрана Тејлор Свифт, додека Луис Фонси стана Најдобар латино изведувач.
Џон Бон Џови ја доби посакуваната награда Икона, додека статуетката за Најдобра група отиде кај Maroon 5.
Погледнете како изгледаа славните дами на црвениот тепих и оценете го нивниот стил.































