Елеганција преточена во женствени тоалети царуваше на црвениот тепих на доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес.
Отмените телевизиски ѕвезди гордо парадираа пред да ја проследат свечената манифестација. Долгите фустани кои кријат доза скромност беа најдоминантни. Меѓу нив отскокнуваше црвената креација на Вера Ванг со силуета на сирена, која ги акцентираше облините на Софија Вергара. Кери Вашингтон, која неодамна ја заработи титулата Најдобро облечена жена за 2013, избра бледо розова тоалета од Маркеса, украсена со деликатни цветови. Накитот во смарагдно зелена боја се истакна како тренд.
Оценете го стилот на ѕвездите:















































