Најголемата модна парада синоќа се одржа во музејот на уметноста „Метрополитен“. Забавата на годината го означи почетокот на изложбата „Manus x Machina: Fasion in an Age of Technology“, која требаше да ги насочи гостите кон футуристички стајлинзи.
На свеченоста, организирана од Институтот за костими при њујоршкиот музеј „Метрополитен“ и главната уредничка на „Вог“ Ана Винтур, како секоја година, така и оваа имаше многу модни погодоци и многу модни утки.
Погледнете како изгледаа ѕвездите на „гламурозната арена за висока мода“ и оценете го нивниот стил.



































































































