Театралност, екстраваганција, раскош, елеганција и успешни и неуспешни стилски експерименти... Балот МЕТ слободно може да се каже дека е најголемата модна парада, на која славните лица се обидуваат да се истакнат со впечатливи дизајнерски креации.
Синоќешната гала вечер во музејот на уметноста „Метрополитен“ го означи почетокот на изложбата „China: Through The Looking Glass“.
Креации од ателјеата на Версаче и Шанел се покажаа како најпривлечни за дамите кои присуствуваа на свеченоста организирана од Институтот за костими при њујоршкиот музеј „Метрополитен“ и главната уредничка на „Вог“ Ана Винтур.
Џенифер Лопез, Ирина Шајк, Роузи Хантингтон-Вајтли, Карли Клос и Ума Турман ѝ го доверија својот изглед на Донатела Версаче, Бијонсе, Џулиен Мур, Џесика Частејн и Аманда Сејфрид се појавија во фустани од Живанши, Ана Винтур, Лили Колинс, Дакота Џонсон, Даен Кругер и Рејчел Вајс избраа креации од Шанел, а Лејди Гага и Сара Џесика Паркер целосно се посветија на темата и зачекорија на црвениот тепих во креации со кинески мотиви.
Погледнете го и оценете го стилскиот избор на славните:























































































