Екстраваганција, драматична елеганција, раскош, спој на сексапил и минимализам, но и неуспешни стилски експерименти ја одбележаа долгата модна парада пред музејот на уметноста „Метрополитен“.
Малкумина целосно го почитуваа дрес-кодот „White Tie and Decorations“ за отворањето на изложбата „Charles James: Beyond Fashion“, посветена на брилијантниот дизајнер Чарлс Џејмс. Околу 75 од најзначајните креации на Џејмс ќе сведочат за неговата љубов кон структурираната естетика и неговиот несекојдневен научен и математички пристап кон конструирањето на револуционерни балски фустани и иновативни кроеви, што сѐ уште има силно влијание врз модната индустрија.
Сара Џесика Паркер, Ана Винтур, Бијонсе, Викторија и Дејвид Бекам, Ријана, Џесика Алба, Лупита Нионго, Ким Кардашијан и Кание Вест, Амбер Херд и Џони Деп, Шарлиз Терон, Жизел Бундхен и Адријана Лима се само дел од ѕвездите кои ја имаа честа да зачекорат на најгламурозниот црвен тепих.
Погледнете го и оценете го стилот на славните:
Сара Џесика Паркер во Oscar de la Renta
Бијонсе во Givenchy
Ријана во Stella McCartney
Блејк Лајвли во Gucci
Шарлиз Терон во Dior
Каролина Куркова во Marchesa
Карли Клос во Oscar de la Renta
Мери Кејт и Ешли Олсен во Chanel








































































