Музичките ѕвезди кои се истакнаа во изминатата година синоќа добија признанија за нивните достигнувања на 47-мото издание на Американските музички награди.
Пред да бидат доделени наградите, на црвениот тепих пред Микрософт театарот во Лос Анџелес парадираа бројни славни личности.
Тејлор Свифт, која победи во сите категории во кои беше номинирана и освои шест статуетки, носеше блескава креација од Џулиен Мекдоналд, Селена Гомез избра мини креација од Версаче, Џена Деван го истакна трудничкото стомаче во фустан од Армани, додека Камила Кабејо својот изглед ѝ го довери на модната куќа Оскар де ла Рента.
Погледнете како изгледаа славните гостинки и оценете го нивниот стил:







































