Американските музички награди (АМА) синоќа им беа доделени на најдобрите во музичката индустрија, на манифестација која се одржа во Лос Анџелес.
На црвениот тепих, сопругата на Ченинг Тејтум блесна во креација од Џулиен Мекдоналд, Селена Гомез ја покажа новата фризура, Деми Ловато играше на сигурно и избра долга тоалета од Естер Абнер, додека Сиара ја истакна својата фигура по породувањето во кратко фустанче од Александар Воте.
Погледнете како изгледаа славните гостинки и оценете го нивниот стил:































