Лос Анџелес вчера беше домаќин на уште една холивудска манифестација – доделувањето на Американските музички награди (АМА). Бројни ѕвезди од шоу-бизнисот со нетрпение го очекуваа наградувањето на најдобрите во музичката индустрија и си обезбедија место во публиката за да бидат сведоци на големата свеченост.
Како водителка, Џиџи Хадид смена шест аутфити, Зухаир Мурад ги облече Нина Добрев, Хана Дејвис и Џулиен Хаф, Сијара го сокри трудничкото стомаче под фустан од Стефан Роланд, креации од Ели Сааб станаа моден избор на Хејли Стајнфелд и Мила Јовович, а Беати Принсло за првпат се појави на црвениот тепих два месеци по породувањето и изгледаше одлично во црно кратко фустанче.
Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил:
Fifth Harmony




































