„Roma“ беше прогласен за Најдобар филм на синоќешната манифестација Critics’ Choice Awards. Оваа драма на Алфонсо Куарон победи и во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а нему му ги донесе наградите Најдобар режисер и Најдобар кинематографер.
На церемонијата, која се одржа во Санта Моника, Лејди Гага (A Star Is Born) и Глен Клоус (The Wife) беа прогласени за Најдобри актерки, а Кристијан Бејл (Vice) замина дома со наградата Најдобар актер.
Пред почетокот на свеченоста, ѕвездите парадираа во елегантни изданија. Погледнете како изгледаа дамите и оценете го нивниот стил:



































