Мајките од контроверзното шоу „Toddlers and Tiaras“ секогаш ги прикажуваат своите ќерки како кукли и за таа цел им ги депилираат веѓите, им ги избелуваат забите и ги облекуваат во несоодветни секси костими. Малите девојчиња пред настап поминуваат по неколку часа на стол каде што врз нивните лица се ставаат слоеви шминка и им се стилизира косата.
Но, сега „амбициозните“ мајки имаа можност да почувствуваат како им е на нивните мали ќерки. Популарниот водител Андерсон Купер во своето шоу покани четири мајки и им даде задача да се облечат во костими во какви што самите тие ги облекуваат своите девојчиња.
Венди и Пејзли, Кејла и Еверроуз, Џун и Алана, Алиша и Леси
Резултатот, како што се гледа од фотографиите, е повеќе од смешен, но и вознемирувачки.
Идејата на водителот била да ги поттикне мајките да започнат да размислуваат на поразличен начин и да се замислат дали е умно да ги пуштаат своите ќерки пред камери облечени на таков начин. Но, обидите на Андерсон пропаднаа во вода и мајките останаа глуви за неговите совети.
Најкритикуваната мајка, Џун Шенон, призна дека корсетот на фустанот на нејзината ќерка е малку тесен, но дека одлично се забавувала и дека нема намера да ја повлече Алана од натпреварите за убавина.
„Ова за сите нас беше многу забавно. Да, корсетот е малку тесен, но таа ужива додека го прави тоа, па ние ќе продолжиме да го правиме“ – изјавила Џун.
Алана и Џун
Џун редовно е критикувана бидејќи пред настап на малата Алана ѝ дава да пие од таканаречениот „GoGo Juice“, кој содржи газиран сок Mountain Dew и енергетски пијалак Red Bull. Таквиот сок содржи многу кофеин и шеќер и Џун смета дека тој ѝ помага на Алана да го покаже својот карактер на сцената.
Погледнете како се однесува Алана кога ќе се напие од пијалакот што ѝ го приготвува мајка ѝ.
Венди (првата мајка на фотографијата) двапати доби остри критики бидејќи ја облече својата 3-годишна ќерка Пејзли во провокативна облека. Во првиот случај таа ја облече својата ќерка како ликот на проститутка на Џулија Роберт во филмот „Pretty Woman“.
3-годишната Пејзли како Џулија Робертс
Кратко време потоа беше критикувана за провокативниот костим на малата Пејзли за Ноќта на вештерките.
Пејзли за Ноќта на вештерките