• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Лабина Митевска ја прими наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ во Битола

24 септември 2023, 12:10
  • cподели

На самото отворање на ИФФК „Браќа Манаки“, на Лабина Митевска ѝ беше доделена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Лабина Митевска Лабина Митевска

„Годинава се одлучивме за ѕвезда која долги години блеска на големото платно со голем број главни и споредни филмски улоги и е еден од најуспешните продуценти во историјата на македонскиот независен филм. Станува збор за исклучителна актерка. Едно од најсензибилните и најфотогенични лица во современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот ‘Голема ѕвезда на македонскиот филм’“ – истакнуваат од Фестивалот.

Откако ја прими ѕвездата изработена од Божиновски часовници и накит, Митевска одржа краток говор:

Веќе 30 години работам во оваа фантастична професија. Знаете, ние филмската фела сме многу чудни луѓе, ние уживаме во нашето креативно страдање. Едноставно, да се создаде филм не е лесно, не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму. Македонија дефинитивно има што да понуди во светската кинематографија – имаме одлични автори, имаме добри приказни, имаме фантастични локации, ја имаме оваа убава земја, зарем ме?

Но, да се создаде едно врвно дело, потребни се два предуслови. Првиот предуслов е да ги сакаме нашите автори, да ги цениме, да им овозможуваме да создаваат слободно, да креираат, без цензура. Сè повеќе трендот во светот и во Европа е дека уметноста не е веќе привилегија, уметноста е потреба, потреба на секој народ. Како што имаме потреба да пиеме вода, така имаме и потреба од уметност, потреба за да го доживуваме и гледаме светот поубаво. Вториот предуслов е континуитет. Без континуитет, не можеме да создаваме врвна уметност... Културата е потреба на сите нас.

Лабина Митевска Лабина Митевска Лабина Митевска Лабина Митевска Лабина Митевска Лабина Митевска Лабина Митевска Лабина Митевска Лабина Митевска

Лабина Митевска е родена е на 11 октомври 1975 година. Основно и средно училиште завршува во Скопје, а образованието го продолжува на факултетот за Уметност и археологија при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Добива стипендија за европскиот колеџ за филмови во Данска, каде се дообразова, а Историја на уметност студира на универзитетот во Тусон, Аризона, САД. Својата актерска кариера, Митевска jа започнува во 1994 година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм кој го добива „Златниот лав“ во Венеција, а потоа следат бројни улоги во познати филмови: „Туку така под облака“, „Добредојдовте во Сараево“, „Те сакам тебе“, „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“, „Како убив светец“, „Бубачки“, „Тајната книга“, „Јас сум од Титов Велес“, „Превртено“, „Кога денот немаше име“, „Господ пости, името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот“...

Покрај актерството, Митевска е автор и на бројни есеи објавени во весници и списанија, зборува чешки, германски и англиски јазик. Во два наврата соработувала со режисерот Мајкл Винтерботом, во 2001 година била член на жирито на Фестивалот во Карлови Вари и беше директор на „Браќа Манаки“.

Фото: Ивона Кочов / Femina.mk

Tags
Лабина Митевска
Браќа Манаки 2023

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.