• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Кети Пери со виолетова коса во „The Hollywood Reporter“

21 јуни 2012, 18:01
  • cподели

Кети Пери секогаш изненадува со својот стил. Само во последните неколку месеци нејзината коса од розова стана руса, од руса премина во сина, од сина се претвори во виолетова. Покажувајќи малку помрачен изглед од вообичаено и темновиолетова сјајна фризура, 27-годишната пејачка позираше за списанието „The Hollywood Reporter“.

Кети Пери

Славната поп-ѕвезда, која наскоро ќе го објави филмот „Katy Perry: Part of Me“, за првпат отворено зборуваше за пропаднатиот брак со Расел Бренд и тешките моменти во кои морала да ги сокрие солзите за да се појави на сцена. „Тоа што се случуваше во мојот приватен живот беше толку силно, што морав да се наведнувам за да ги оставам солзите да паѓаат директно надолу од очите, а не преку вештачките трепки, затоа што морав да се качам на сцена и да ја пеам „Teenage Dream“. Морав да се удирам по лицето и да си велам: Овие проблеми се мои проблеми, не се проблеми на мојата публика, научи се да го разграничуваш тоа“ – изјавила Кети.

Кети Пери

Сепак, и покрај сè, таа тврди дека сè уште верува во љубовта и бракот. „Сè уште верувам во љубовта и бракот. Само што научив неколку лекции по патот. Не жалам за ништо“ – дополнила таа.

Кети Пери

Последниот албум на Кети Пери беше вистински хит. Освен што ѝ донесе огромен успех, тој само во последната година ѝ донесе 44 милиони долари. „Не е како да добив лотарија или да се родив со многу пари или како да имам многу врски. Навистина се изборив да стигнам дотука“ – објаснила таа.

Кети Пери
Tags
Кети Пери

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.