• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Како помина најновиот Моден Викенд Скопје?

5 октомври 2020, 12:10
  • cподели

Со затворањето на изложбено-продажниот салон „Свесна Мода“ во Јавна Соба, успешно беше означен крајот на тридневното „поп-ап“ издание на настанот, во чии рамки имаше ексклузивен шоурум, арт инсталации, студентска изложба, едукативно предавање и богата музичка програма за присутните гости.

Пред бројните новинари, јавни личности и љубители на убавиот дизајн, своите колекции ги прикажаа, како познати имиња од домашната сцена, така и млади таленти за кои допрва ќе се слушне. Списокот учесници на „CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM“ го предводеа еминентни и перспективни имиња од земјата и странство: Irina Tosheva, Evgenija Zafirovska, Terziya, Stefanija Naseska, Pssbl, Krenare Rugova, Minnimal, Kotev Ksenija, Seddum, Tessuti Art by Ana Jakim, Meleem, Lipa Ceramics, Меlani Digit, Saksija Urban Pots и Siidess Furniture. Кон мисијата да се промовира најдоброто од одржливиот дизајн во Скопје, како коорганизатор за реализација на проектот, максимална поддршка даде берлинската консалтинг агенција ONLYАFEW, раководена од тандемот Дороти Сара Спехар и Кристина Илиевска.

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје

Моден Викенд Скопје ја продолжи и продлабочи соработката и со школата Џолев и Уметностите, чиишто студенти при академијата за моден дизајн: Ана Франгова („Оne with the nature), Ева Таневска („Хаос“), Никола Јовановски („We are the MODS) и Катерина Димитровска („Кој си ти?“) низ концептуална изложба на нивните изработки под менторство на Никола Ефтимов, уште еднаш потврдија дека на македонската мода и дизајн им претстои светла иднина. Сите мултимедијални содржини поврзани со настанот и снимањето на едиторијалот се во продукција на магазинот Skala и тимот составен од: Антонио Станков (фотографија), Филип Бојковски (фотографија), Виктор Стојков (видео и монтажа), Долорес Соколова (сет асистент), Дејан Џолев (креативен директор) и Бинаса Дрндар (оперативен директор).

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје

Последниот ден мина во знакот на eдукација за одржливоста, односно професионални излагања на темата од претставниците на Fashion Revolution, DS Agency и ОNLYAFEW. „Одржливата мода е несомнено тема која има многу простор за истражување и дејствување. Самата соработка со Моден Викенд Скопје е огромен исчекор и добар старт кон потранспарентни практики кои би ја зголемиле отчетноста на брендовите за тоа кој, како ја прави облеката и во какви услови, а со тоа и нејзините влијанија врз животната средина. Заедно со DS Agency и ONLYAFEW на посетителите им изнесовме корисни информации, примери и можни начини на делување, што би ги доближиле до поодржливи модни практики. Исто така ги запознавме со движењето, нашите активности и можностите за идни соработки.'' - изјави Ана Јакимовска, координатор на Fashion Revolution Macedonia.

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје

Јавна Соба доби магичен допир на природата благодарение на Цветна Фабрика, малата работилница која секојдневно ги слави убавината и сензибилитетот на секој цвет и латица, додека одблесокот на огледалата од уметничката инсталација на MG ART беше вистински магнет за селфи фотографии. Визуелниот имиџ и оваа сезона е дело на графичката дизајнерка Јана Марковска – Do More. За добрата забава како музички гости се појавија маестралниот најпрво Gloomié, а наредниот ден и Jon Bela со бендот, обајцата воодушевувајќи ги сите со перформансите во живо.

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје

Дигитален партнер на дваесет и втората сезона на Моден Викенд Скопје е телекомуникацискиот оператор А1. Следете ги последните новини за дизајнерите учесници и сите тековниактивности онлајн на социјалните мрежи. Благодарност за сета љубов што нашите модни херои на денешницата ја добиваа изминатиот период во неизмерни количини.

Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје Моден Викенд Скопје
Tags
Моден Викенд Скопје

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.