• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ФОТО: Емотивна приказна за вистинска љубов

30 октомври 2013, 13:48
  • cподели

Емотивната приказна на Ијан и Лариса Марфи, исполнета со љубов, надеж, оптимизам и верба, ќе ви докаже дека вистинска љубов сепак постои.

Приказната на Лариса и Ијан

Лариса и Ијан се запознале во 2005 година додека биле на колеџ во Западна Пенсилванија. Брзо се заљубиле еден во друг и планирале да стапат во брак веднаш штом ќе завршат со студирањето.

Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан

Но, нивните планови биле променети од страшна сообраќајна несреќа во која Ијан доживеал сериозни повреди на мозокот.

По несреќата Ијан воопшто не можел да зборува, не можел ниту да се движи или храни без нечија помош. Во тие моменти Лариса знаела точно што да направи – без двоумење се преселила кај семејството на Ијан за да му помага додека нè закрепне.

Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан

„Се преселив кај неговото семејство по несреќата, па навистина бев вклучена во терапијата и правев сè што можев за да му го направам животот забавен. Излегувавме на состаноци. Сега кога се навраќам на спомените, малку е чудно, бидејќи тој не можеше да зборува и не можеше да јаде, па веројатно изгледавме како вистински чудаци кога одевме на состаноци. Но, си поминувавме многу убаво и јас постојано му зборував“ – изјавила таа.

Состојбата на Ијан се подобрувала многу бавно. Во текот на годините, многу од пријателите на Ијан и Лариса стапувале во брак и создавале свои семејства, но бракот за нив двајцата не бил опција сè додека тој не закрепнал доволно за да може да комуницира.

„Одлуката да стапиме во брак беше една од најтешките, но и наједноставните одлуки со кои ќе се соочиме. Сум слушнала дека решението за стапување во брак кај некои буди колебање и стравови. Сметам дека инвалидитетот ги зема тие нормални стравови и ги умножува... Беше многу лесно: се сакаме. И го сакаме Бог“ – рекла Лариса.

Поради здравствената состојба, судот требало да одлучи дали е најдобро за Ијан да се ожени. Судијата кој ја одобрил дозволата бил трогнат од нивната приказна и изјавил: „Вие двајца служите како пример за тоа што е љубов. Верувам дека бракот не само што е за ваше добро, туку е и за доброто на нашата заедница и се надевам дека сите во овој град можат да ја видат љубовта која ја имате еден за друг.“

Ијан и Лариса стапиле во брак на 28 август 2010 година, а во мај минатата година бил објавен краток документарен филм за нивната љубовна приказна. Деновиве истото видео повторно кружи на социјалните мрежи, бидејќи е добар потсетник за искрената и безусловна љубов.

Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан

На својот блог, Лариса и Ијан редовно објавуваат што се случува во нивниот живот. Благодарение на физикална терапија, Ијан пред неколку месеци за првпат по седум години излезе од домот без инвалидска количка, само со помагало за движење.

Приказната на Лариса и Ијан

Во интервју за списанието „Darling“, Лариса открила за што би сакала да ги инспирира другите луѓе. „Наш драг пријател ја изгуби својата сопруга неколку месеци пред нашата свадба. Тој се грижеше за неа многу години додека таа се бореше со рак. Пред свадбата, тој кажа зборови кои засекогаш ќе останат со мене: Никогаш нема да зажалиш што сакаш толку силно. Толку е едноставно. Љубовта дава живот“ – рекла таа.

Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан Приказната на Лариса и Ијан

Лариса е убедена дека доколку таа би била на местото на Ијан, тој никогаш немало да ја напушти.

Tags
стории
голема љубов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.