• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Елегантни маички со модни илустрации од Антонија Ристовска

14 ноември 2014, 11:56
  • cподели

Креаторката Антонија Ристовска ја збогатува модната понуда на македонскиот пазар со елегантни маички со шик илустрации. По повод 20 години творење, Ристовска создаде маички со принт кој прикажува дизајни од нејзините последни колекции: Арт ен Деко, Инстинкт, Еквилибриум и Египтоманија.

Елегантни маички од Антонија Ристовска

Моделот на маичките е со елипсоиден женствен израз на вратот, благо ја следи фигурата и е со тричетвртни ракави. Од бои застапени се шампањ, капучино, сива, црна и темна зелена, а има околу десетина дизајни. Повеќето од дизајните се надополнети со рачно доработени апликации од свила, чипка и мониста за 3D ефект. Моделите се претставени преку фотосесија со Ангела Ѓеоргиева и Моника Алексовска.

„Елегантната варијанта е првичната замисла за комбинирање на маиците, но сепак изборот ќе биде на тие кои ќе ги носат, па така може да се комбинираат со фармерки, како блуза под палто, или пак со џемпер. А во комбинација со долго здолниште или посвечени панталони, може да се носат и на посебни настани, со што се добива свечена комбинација со кежуал момент. Истите можат да се надополнат со нараквици бидејќи тричетвртниот ракав го дозволува тоа, како и кратки ланчиња за добивање на поелегантен изглед“ – вели Ристовска.

Елегантни маички од Антонија Ристовска Елегантни маички од Антонија Ристовска Елегантни маички од Антонија Ристовска Елегантни маички од Антонија Ристовска Елегантни маички од Антонија Ристовска Елегантни маички од Антонија Ристовска Елегантни маички од Антонија Ристовска
Tags
Антонија Ристовска

Најнови

  • 11-годишната Вики по вторпат ја победи леукемијата: „Беше претешко да се најде донор, но Господ е голем“

    Fri, 01/09/2026 - 09:14
  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.