• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Егзотичниот одмор на семејството Кардашијан

11 април 2012, 14:23
  • cподели

Обично кога славните личности одат на одмор, се обидуваат да се сокријат од фото-репортерите и папараците. Но, семејството Кардашијан е приказна за себе, бидејќи живее и заработува од присуството во медиумите.

Па, кога големото познато семејство оди на одмор, тоа не вклучува криење, прошетки во лежерна облека, лежење на песокот и шлапкање во водата без грам шминка.

Наоружани со модерна облека за на плажа, многу шминка и многу модни додатоци, телевизиските ѕвезди уживаа во Доминиканската Република, каде што снимаа нови епизоди за нивното реално шоу „Keeping Up With The Kardashians“.

Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан

„Си поминавме најубаво, релаксирајќи се“ – изјавила Ким за Us Weekly.

Одморот на семејството Кардашијан

Додека Ким и останатите девојки лудо се забавувале, бремената Кортни го забавила темпото и повеќе време поминувала со својот долгогодишен партнер Скот. „Таа е малку поголема од мене, но сè уште изгледа прекрасно“ – изјавила Ким за својата сестра. „Скот е многу заштитнички настроен кон Корт сега“ – објаснил близок до семејството.

Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан

На луксузниот одмор заедно до Ким и Кортни бил и нивниот брат Роберт и нивните полусестри Кајли и Кендал со свои пријателки. Се разбира, одморот не поминал и без 56-годишната мајка на Ким, Крис Џенер, која на фотографиите воопшто не изгледа како да навлегла во шестата деценија од животот.

Крис Џенер56-годишната Крис Џенер Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан Одморот на семејството Кардашијан
Tags
семејството Кардашијан
Ким Кардашијан

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.