• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Дејвид Бекам и малата Харпер на ревијата на Викторија

9 септември 2013, 11:36
  • cподели

Најголемиот и најмладиот обожавател на Викторија Бекам седеа во првиот ред на нејзината ревија одржана во рамките на Њујоршката недела на модата.

Харпер и ДејвидДејвид со двегодишната ќеркичка Харпер

Додека 39-годишната дизајнерка ја презентираше колекцијата пролет/лето 2014, Дејвид и малата Харпер Севен привлекуваа погледи со своето присуство. Слаткото девојче измами насмевки и од строгата уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

Дејвид и Харпер покрај Ана ВинтурДејвид и Харпер покрај Ана Винтур Ревијата на ВикторијаВикторија објави фотографија на Twitter, коментирајќи дека сите погледи на ревијата биле насочени кон Харпер

По завршувањето на модното шоу, Викторија имаше причина за прослава – критичарите се согласија дека ова е нејзината најсилна колекција досега.

Дејвид, Харпер и ВикторијаДејвид, Викторија и малата Харпер прославија за успешната ревија со семеен ручек

Новата колекција на Викторија го одразува нејзиниот личен стил на облекување – едноставен и минималистички. Тесните фустани со кои таа настапи на модната сцена останаа во минатото, а на преден план застанаа поопуштени силуети и модели кои го споија машкиот и женскиот свет.

„Проучувањето на нови пропорции ми дозволи да ја доразвијам мојата силуета и поставив момчешки елементи на основа на чувството за женственост...“ – пишува во белешките на Бекам.

Урбани бермуди, долги сакоа без ракави, туники и кратки фустанчиња со плисирани детали ја одбележаа колекцијата во лимитирана палета која вклучуваше црна, бела, сива, циклама и бордо боја.

Ревијата на Викторија Ревијата на Викторија Ревијата на Викторија Ревијата на Викторија Ревијата на Викторија Ревијата на Викторија Викторија БекамВикторија на модната писта по завршувањето на ревијата
Tags
Викторија Бекам
Дејвид Бекам
Харпер Севен

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.