• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Брачен пар ослабел вкупно 152 кг откако се засрамил од свадбените фотографии

13 јануари 2016, 12:00
  • cподели

Брачни партнери ослабеле вкупно 152 кг откако се засрамиле од сопствениот изглед на свадбените фотографии.

Ноел и Леиза Хои Ноел и Леиза Хои

Пред големото слабеење, Ноел и Леиза Хои од Даблин заедно тежеле 330 кг. За нив било невозможно да седат еден до друг на кино или во авион и четирипати го имале скршено креветот на кој спиеле поради огромната тежина.

Сепак, 35-годишниот сопруг и 33-годишната сопруга, едногласно одлучиле дека е време за слабеење откако го прелистале својот свадбен албум. „Кога ги видов сликите од свадбата, срцето ми се скрши. Почувствував одвратност кон нас како пар. Од моментот кога ги видов, знаев дека тоа НЕМА да бидат фотографии на кои ќе се навраќам со насмевка и кои ќе ги чувам засекогаш. Бев премногу разочарана“ – рекла Леиза.

Ноел и Леиза Хои Ноел и Леиза Хои Ноел и Леиза Хои

Ноел и Леиза, кои отсекогаш биле зависници од брза храна, се запознале во 2003 година, а во 2013 стапиле во брак. Нивната тежина го достигнала максимумот по раѓањето на нивните четири деца, 11-годишниот Ејџеј, 8-годишниот Тајрис и 2-годишните близнаци Медисон и Тори. По раѓањето на близнаците, Леиза тежела 127, а Ноел 203 килограми.

„Бевме свесни дека сме големи, но со вкупна тежина од 303 кг не само што не бевме здрави, туку и бевме како темпирани бомби. Не можевме да го игнорираме фактот дека нештата се многу лоши. Навечер не можевме да спиеме, не поради нашите деца, туку поради крцкањето на рамката на креветот под нас. Еднаш се вратив исцрпена дома по ноќната смена и скокнав в кревет, а дрвото расцвета поради мојата тежина и се распадна. Го скршивме креветот уште трипати потоа. Најпосле се откажавме и спиевме на душек поставен на подот“ – рекла Леиза.

На Леиза ѝ било екстремно тешко и да пронајде невестински фустан. „Избирањето фустан не беше баш магично искуство какво што си го замислував. Бев ограничена на само една продавница во градот и сите фустани кои ме собираа изгледаа како да носам огромен јорган на себе. Го носев најдолгиот можен превез за да го искористам како наметка со која да ги скријам моите дебели раце“ – додала таа.

Ноел и Леиза Хои Ноел и Леиза Хои Ноел и Леиза Хои Ноел и Леиза Хои

Со огромна посветеност двајцата започнале да вежбаат и за кратко време виделе огромни резултати кои ги мотивирале уште повеќе да се трудат. „Облеката висеше на нас. Како што намалувавме тежина, моравме да го обновуваме и нашиот плакар. Нашите фигури толку многу се променија. Сега се чувствуваме прекрасно. Наоѓаме радост во малите работи како трчањето по нашите деца и можноста да носиме облека која не е plus-size. Имам многу поголема слобода“ – вели Леиза.

Ноел и Леиза Хои Ноел и Леиза Хои

Парот планира уште еднаш да се заколне на вечна љубов и да направи свадба на која невестата ќе може да ја носи венчаницата од своите соништа.

Tags
големо слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.