Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Младенци ослабеле драстично за да изгледаат убаво на свадбата

ФОТО: Младенци ослабеле драстично за да изгледаат убаво на свадбата

Ако се сака, сè се може. Заљубен пар од Њу Орлеанс, Луизијана, екстремно ја намали својата тежина за да изгледа убаво на свадбениот ден.

Тифани Касуниш и Кејн Маерс заедно намалиле вкупно 122 килограми за да се чувствуваат убаво во својата кожа кога ќе го изговорат судбоносното „Да“.

Во младоста, и Тифани и Кејн биле физички активни и во одлична форма, но како што напредувала нивната врска, нивните килограми сè повеќе и повеќе се зголемувале. Кога вагата веќе достигнала екстремна цифра и започнала да им го нарушува здравјето, тие знаеле дека повторно треба да ја преземат контролата врз своето тело.

Најсилната мотивација им била тоа што долго време сакале да стапат во брак, но не сакале да бидат дебели младенци. Желбата да зачекорат кон олтарот во најдобро светло ги натерала да започнат посветено да вежбаат, па дури и да земат учество во емисијата „Extreme Weight Loss“.

„Сакаме да ја подобриме нашата врска и да го направиме следниот чекор. Мислам дека ако бевме здрави, ние ќе се земевме одамна. Не сакам да бидам дебела невеста“ – изјавила Тифани пред големото слабеење.

Со помош на тренери, здрава исхрана и 90-дневни тренинзи, упорниот пар си ја постигнал зацртаната цел. Кејн од 161 килограм ослабел 71 кг и на свадбениот ден тежел 90 кг, додека неговата сакана Тифани од 117 кг ослабела на 66 кг.

Тифани и Кејн Тифани и Кејн Тифани и Кејн Тифани и Кејн Тифани и Кејн Тифани и Кејн Тифани и Кејн Тифани и Кејн Тифани и Кејн Тифани и Кејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12006 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.