ФОТО: Блејк Лајвли во блескава креација од Ели Сааб покрај сестра си на People’s Choice Awards
Синоќа се одржа доделувањето на People’s Choice Awards каде Блејк Лајвли беше прогласена за Најдобра актерка во драма за својата улога во филмот „The Shallows“. 29-годишната холивудска ѕвезда зачекори на црвениот тепих во краток блескав фустан од Ели Сааб.
Својот стилски избор, славната сопруга на Рајан Рејнолдс го надополни со обувки од Кристијан Лобутин и впечатлив накит од Лорејн Шварц.
Блејк ја доби поддршката од својата сестра Робин Лајвли, која за свеченоста избра елегантен зелен фустан.
