• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Бијонсе сними моден едиторијал за „W“

17 јуни 2011, 13:51
  • cподели

Бијонсе ќе се појави на двојната насловна на јулското издание на списанието W, која ја дели заедно со Кристина Агилера.

Облечена во свилена проѕирна кошула, кратки панталончиња од кашмир, капа и маска, сите од Луј Витон, и свилен градник на Живанши, Бијонсе изгледа силно и борбено.

Бијонсе Бијонсе
Бијонсе Бијонсе

За интересната фотосесија снимена од познатиот фотограф Патрик Демаршелие, Бијонсе освен облека од Луј Витон и Живанши, носи и модни парчиња од Долче и Габана, Марк Џејкобс и Нина Ричи.

Во краткото интервју за списанието, Бијонсе објасни зошто новиот албум го нарече „4“ и прокоментира за создавањето на спотовите.

За спотовите: „Која ја пеам песната, во главата имам слика за спотот. На некој начин ја слушам кореографијата што ќе биде во видеото, и можам да видам како ќе изгледам, дури и пред сите други да ја слушнале песната.“

Бијонсе Бијонсе
Бијонсе

За насловот на албумот: „Фановите го именуваа албумот „4“. А 4 е мојот омилен број. Тоа е важен број во мојот живот: датата на мојот роденден, на роденденот на мајка ми, на роденденот на мојот сопруг, датата на мојата свадба. Барак Обама е 44. претседател, а јас ја изведов „At Last“ од Ета Џејмс на неговата инаугурација.“

Tags
Бијонсе
W

Најнови

  • Ѓоковиќ во првиот ред на претстава кај Милош Биковиќ: „Секоја средба со тебе збогатува и инспирира“

    Thu, 08/13/2026 - 22:38
  • Персеиди

    100 метеори на час: Неверојатниот спектакл на Персеидите низ Македонија и светот

    Thu, 08/13/2026 - 21:39
  • „Ликот на човек по 24 часа дежурство, 7 породувања и 44 прегледи“: Д-р Вангелов со моќна објава за лекарите

    Thu, 08/13/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.