• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: 90-годишен маж повеќе од 50 години гради катедрала во чест на Пресвета Богородица

23 март 2016, 10:33
  • cподели

Хусто Галего Мартинез, познат како Дон Хусто, е поранешен монах, кој и покрај тоа што има 90 години, продолжува посветено да работи. Тој повеќе од 50 години со свои раце гради катедрала во мал град во Шпанија.

Катедрала

Образованието на Хусто било прекинато поради Шпанската граѓанска војна кога тој имал само 10 години. Откако бил сведок на многу неправди, Дон Хусто решил да отиде во манастир и да го посвети својот живот на Бог. За жал, осум години подоцна бил принуден да го напушти манастирот бидејќи заболел од туберкулоза.

Молејќи се за својот живот, тој се заколнал дека доколку оздрави, ќе изгради храм во чест на Пресвета Богородица.

Откако се подобрила неговата здравствена состојба, Дон Хусто започнал да ја гради црквата на парче земја кое го наследил од своите родители во гратчето Мехорада дел Кампо, во близина на Мадрид.

Катедрала Катедрала Катедрала Катедрала Катедрала

Без плански дозволи, инженерско или архитектонско искуство, посветениот Шпанец ја започнал изградбата на катедралата на 12 октомври 1961.

„Сметам дека луѓето го губат своето време. Човек може да прави толку многу нешта. Секој може да прави неверојатни нешта“ – вели Дон Хусто.

Катедрала Катедрала Катедрала Катедрала

Вообичаено тој започнува со работа во 6 часот наутро и работи по 10 часа секој ден. Недела му е ден за одмор и за миса.

Дон Хусто најголем дел од времето работи сам. Во последните 20 години нему му помага сограѓанинот Ангел Лопез Санчез, а ја има поддршката и на своите шест внуци и неколку случајни волонтери.

Црквата привлекува многу туристи, кои се одушевуваат на делото на Хусто и со задоволство донираат средства во кутија за донации.

Катедрала Катедрала Катедрала Катедрала
Tags
црква

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.