Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Волшебна црква од дрвја

ФОТО: Волшебна црква од дрвја

Црковната архитектура отсекогаш го фасцинирала Бери Кокс, но тој не ни помислувал дека ќе стекне светска слава, создавајќи уникатна „градба“ која мами со својата убавина. Цели четири години упорниот визионер работел за да направи волшебна црква целосно од дрвја.

Волшебна црква Волшебна црква Волшебна црква

Користејќи го своето искуство и опрема за пресадување на дрвја, Бери во задниот дел од својот имот во Нов Зеланд создал „прибежиште од општеството“ за своја душа. Сепак, откако го видел прекрасниот резултат, Кокс одлучил да ги отвори вратите од својот дом за јавноста. Сега црквата, која на необичен начин ја комбинира архитектурата и природата, е достапна за приватни и јавни настани.

„Еден ден излегов од задната врата помислувајќи: Овој простор има потреба од црква. Така започна сè. Ја расчистив областа во април 2011 година и ја направив металната рамка, користејќи ги истражувањата кои ги правев низ годините додека ги проучував црквите“ – рекол Кокс во интервју за Stuff.

Волшебна црква Волшебна црква

Бери мудро ги засадувал различните видови дрвја за покривот значително да се разликува од ѕидовите, но и да им овозможува на гостите природна светлина. Тој на секои шест седмици ги поткаструва растенијата за да го одржува добриот изглед на црквата. И е неверојатно успешен во својата работа. Уверете се и сами:

Волшебна црква Волшебна црква Волшебна црква Волшебна црква

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.