• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026

2 декември 2025, 20:29
  • cподели

Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

Стипендии од Фондацијата „Трајче Мукаетов“

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована Цветановска од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено на квалитетното образование, станува пресудна. Затоа, образованието не смее да се сведе само на стекнување технички вештини, туку треба да мотивира, да поттикнува критичко размислување, креативност и способност за решавање комплексни проблеми. Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, особено за младите, вистинска чест е да се биде дел од континуирана позитивна приказна на едукација, научна посветеност и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручен кадар и на континуираните вложувања во развој и едукација, денес ’Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Стипендии од Фондацијата „Трајче Мукаетов“

Во осумнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 151 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.

Стипендии од Фондацијата „Трајче Мукаетов“

Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно на постојните и на новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.  

 

Tags
Фондација Трајче Мукаетов

Најнови

  • Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026

    Tue, 12/02/2025 - 20:29
  • „Додека смртта не нè раздели“ ‒ кампања што го обедини регионот

    Tue, 12/02/2025 - 19:49
  • Снеже Велков

    „Замисли да можеш да насмееш некого, а ти да одбереш да го навредиш“: Снеже Велков за стремежот да биде најдобрата верзија од себе

    Tue, 12/02/2025 - 14:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.