• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Flamboyant Blossoms“ – прва модна колекција на новиот македонски бренд Pink Lemonade

26 мај 2021, 08:55
  • cподели

Петнасеттината стилски изгледи за пролет и лето зад чијшто дизајн стои нашата позната дизајнерка Стефанија Насеска, го сочинуваат првиот дел од колекцијата со цветни, шарени и впечатливи принтови и бои. Раскошните кроеви само го надополнуваат сплетот на елементи, кои ќе бидат карактеристични за брендот и во иднина.

Pink Lemonade е називот на новиот домашен бренд со моден потпис на македонската дизајнерка Стефанија Насеска, создаден за да биде носен од девојки и жени кои сакаат да изгледаат уникатно, смело и енергично. Првенче е колекцијата со симболичен наслов „Flamboyant Blossoms“, која ќе биде прикажана во два дела.

Првиот е веќе достапен за широката јавност, промовиран заедно со лансирањето на брендот Pink Lemonade, на социјалните мрежи. Станува збор за петнаесетина стилски и колоритни изгледи за пролет и лето, кои несомнено ќе ги привлечат погледите на минувачите, но пред сѐ ќе создадат чувство на среќа, задоволство, сигурност и самодоверба кај клиентите.

Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms

„Целта ни е да се позиционираме на пазарот како бренд во кој можат да се пронајдат повеќе типови на жени со различна градба на телото, а притоа да бидат единствени, забележани и полни со самодоверба. За да се осигураме во уникатноста, но и за да го направиме брендот повпечатлив, како појдовна точка ги зедовме принтовите кои се цртаат и изработуваат специјално за нас, а воедно истите ги сметаме и за наш заштитен знак по кој во иднина ќе бидат препознатливи колекциите.“ - истакнува дизајнерката Стефанија Насеска.

Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms

Заштитни лица на првиот дел од колекцијата „Flamboyant Blossoms“ се моделите Вања Петрушевска од модната агенција Подиум и Татјана Јанушева од Моделс Ин. За шминката е заслужна визажистката Марија Лазарова, додека фризурите се дело на Октај Сејди. Фотографиите за студискиот едиторијал ги изработи Антонио Станков. Вториот дел, подготвен со истата креативна екипа, ќе биде промовиран наскоро.

Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms

Во чекор со светските тенденции за свесна и одржлива мода, заштитата на животната средина и грижата за вработените е од огромна важност и меѓу главните приоритети на брендот Pink Lemonade, што се отсликува и самиот процес на производство.

„Сите парчиња се дизајнирани и изработени исклучиво во Македонија со сопствено производство. Себеси се сметаме за едно семејство, кое полека но сигурно расте и се грижиме секој наш член-клиент да го добие заслужениот позитивен третман.“ - заклучува Насеска.

Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms Flamboyant Blossoms
Tags
Стефанија Насеска
Pink Lemonade

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.