• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Фитнес тренерот Матеј одбрани жена нападната сред бел ден во Скопје, доби лавина пофалби

9 јули 2026, 12:40
  • cподели

Матеј Марковски преку видео на социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за инцидент што, како што тврди, се случил среде бел ден на скопскиот булевар. 

Фитнес тренерот од Скопје раскажа дека застанал за да ѝ помогне на жена која била нападната од друг возач, но наместо тоа и самиот станал мета на физички напад. По случката, Марковски упати апел до граѓаните да не остануваат рамнодушни кога ќе бидат сведоци на насилство и побара поголема безбедност и поефикасна реакција од надлежните институции.

Еве што сподели тој во видеото, кое му донесе лавина пофалби за доброто дело: 

Вчера бев нападнат и една жена беше нападната на сред Булевар во 12 часот сред бел ден. Возев по булеварот и пред мене имаше две коли. Мажот излезе од колата за да нападне жена во друга кола, претпоставувам поради некое несогласување во сообраќајот. Таа ја заклучи колата, беше во паника, а тој со боксови ѝ удираше по прозорецот и проба да ѝ ја отвори вратата.

Јас, како нормален човек застанав, пробав да ја смирам ситуацијата и го спуштив прозорецот. Откако го спуштив прозорецот и му викнав да прекине, тој се сврти кон мене и почна мене да ме напаѓа. Ја испружи својата рака и ме фати за вратот и ме удри.

Откако го направи тоа, јас му возвратив и пробав да излезам од колата, но тој почна да скока низ вратата за да не излезам. Пак ме удри, јас му вратив, тој летна малку назад и добив шанса да излезам од колата. Проба да ме урди со залет, јас го избегнав. Му вратив и го погодив во лицето. Тој беше зашеметен и тука застана целата кавга. Тој прекина, се смири, влезе во колата и почна да мрмори: „Ќе видиш ти кој сум јас...“.

Жената излезе од колата, беше тотално уплашена и беше бела како крпа затоа што беше нападната.

Таа жена имаше можеби 57-58 години и беше во опасност, претпоставувам од некој надрогиран, човек под супстанции. Затоа што очите му беа црвени како крв. Затоа претпоставувам дека беше на дрога. Кога ме нападна мене, немаше ни момент на разум. Само се фрли.

Кога отидов во полиција да пријавам, тие ми кажаа дека не можам да пријавам заради тоа што ќе треба јас да имам кривично дело, заради тоа што било „физичка пресметка“, затоа што тој ме нападнал и јас сум му возвратил, по ризик на мојот живот и по ризик на жената заради тоа што сакав да ѝ помогнам.

Македонски народе, секакви луѓе се шетаат. Ве молам, сакам да ја дигнам свеста, немојте кога ќе видите вакви ситуации да не реагирате. Иако полицијата не реагира, вие реагирајте. Реагирајте на вакви ситуации. Имаше многу коли што само снимаа и никој не помогна. Јас, како нормален граѓанин, сметав дека ми е должност да помогнам и да ја спасам жената што беше нападната. Во возврат, јас бев исто нападнат, се одбранив и надлежните служби ми рекоа дека не можам да го пријавам тоа.

Но, ве молам, бидете храбри и помагајте на луѓето на кои им треба помош. Немојте да бидете замрзнати, затоа што тоа може да биде ваша ќерка, ваша жена, ваша сестра, девојка, не е битно...

Помагајте на луѓето каде што можете да помогнете и бидете човек од акција.

Tags
Матеј Марковски

Најнови

  • „Ме враќа таа глетка на празен фрижидер“: Слаткар искрен за скромниот живот во детството и тажната реалност зад „Да полетам“

    Thu, 07/09/2026 - 14:00
  • Dune: Part 3

    Нов трејлер за последното продолжение на „Dune“

    Thu, 07/09/2026 - 12:48
  • Фитнес тренерот Матеј одбрани жена нападната сред бел ден во Скопје, доби лавина пофалби

    Thu, 07/09/2026 - 12:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.