• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Фит мајка на три деца гордо ги покажува стриите и вишокот кожа за да инспирира други жени

5 март 2024, 07:57
  • cподели

Фит мајка на три деца инспирира на Instagram.

Криси Пром објавува реални фотографии и видеа од стриите и вишокот кожа на стомакот за да им покаже на мајките дека здравиот изглед не опфаќа само еден тип на тело.

Криси Пром Криси Пром

По трите бремености, Пром не се соочила само со висната кожа на стомакот, туку имала и дијастаза (раздвоени стомачни мускули), за која посветено тренирала со цел да ја намали. Откако успеала да си го трансформира животот и физичката композиција на телото, инспиративната фитнес зависничка се пренасочила да им помогне и на другите жени да го направат истото.

„Не знам кој има потреба да го слушне ова, но ако си носела дете, нормално е да изгледаш како да си носела дете. И тоа раскажува прекрасна приказна“ – вели таа.

Тешко е знам. Понекогаш, сè уште плачам и посакувам да го имам затегнатиот стомак кој го имав пред да родам бебе. Многумина зборуваат за виснатата кожа и „суровата реалност“ на мајчинството. Но...

Ова е дел од прекрасната приказна која моето тело ја раскажува за растењето на моите три деца. За привилегијата која ми беше дадена да им дадам живот. Не знам колку долго ќе ја споделувам мојата фитнес приказна на оваа место, но сè додека сум тука, нема да престанам да ја ширам оваа порака, бидејќи доволно далеку стигнаа лагите дека ова е помалку вредно. Сакам да биде поразлично за моите ќерки и за нивната генерација.

Здравјето доаѓа во сите форми и големини, стрии, целулит и кожа. Како и виснатата кожа и гради. Нашите тела се создадени за да го прават ова и тоа е вистински дар.

Моето тело изгледа како да сум родила дете, бидејќи тоа и го направив.

Благодарна сум за таа привилегија.

Се надевам дека оваа порака ќе стигне до ушите на оние коишто имаат потреба да ја слушнат.

View this post on Instagram

A post shared by Chrissi Prom (@training4momlife)

Криси не тренира само во фитнес салата, туку и надвор од неа. Таа редовно трча и ги вклучува децата во своите тренинзи, сакајќи да им создаде добри навики.

Криси Пром Криси Пром

„Ова патување не е само за тебе. Не е себично да се грижиш за себе, да се чувствуваш најдобро, да имаш енергија и да се чувствуваш силно... Зошто? Бидејќи твоето семејство има потреба ти да си во најдобрата, најенергичната и најсамоуверената верзија од себе. Можеби сè уште не се свесни, но кога ќе започнеш да се чувствуваш ДОБРО поради она што си, тие ќе забележат. Кога ќе си ги ставиш основните потреби на прво место, ти ќе бидеш подобра мајка, сопруга, партнерка, пријателка и работничка.“

„Кога ќе ги надминеш изговорите и ќе започнеш да преземаш акција, ќе си го трансформираш животот“ – тврди таа.

Криси Пром Криси Пром Криси Пром

Имало денови кога Пром воопшто не можела да прави стомачни вежби, но сега тоа е во минатото. Нејзина цел е да создаде подобар свет за нејзините деца, во кој жените ќе се прифаќаат и нема да се поттурнуваат себеси на дното на приоритетите.

„Зад секоја мајка која смета дека не може, стои мајка која МОЖЕ“.

„Секој има прв ден. Резултатите не се брзи, но со истрајност и упорност, ќе започнеш да го градиш животот што сакаш да го живееш. Ова е промена во начинот на живот која ќе остави наследство за здрав живот за твоето семејство и ќе ти овозможи да живееш поисполнет и подолг живот со саканите. Да бидеш среќна и здрава не е само краткотрајно нешто. Изборот е твој, дали ќе биде некој ден или овој ден“ – порачува таа.

Криси Пром Криси Пром Криси Пром Криси Пром

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.