Фират од „Малите сонца“ растопен од љубов: Турските актери Берк Октај и Јилдиз со слатката ќеркичка за вториот роденден
Берк Октај и Јилдиз Чагри Атиксој се среќни и горди родители. Турските актери организираа мала забава за вториот роденден на ќеркичката и споделија фотографии на социјалните мрежи.
43-годишниот актер, познат како Фират од серијата „Малите сонца“, и 40-годишната актерка позираа со слатката Мира Милена, која беше облечена во неодоливо фустанче со омиленото животно зајаче.
Октај ја изненади малата ќеркичка појавувајќи се облечен како зајак.
Јилдиз напиша и емотивна порака за веселата славеничка:
Мое девојче со очи како роза; моја среќа, благослов во домот,
воздух за мојата душа, весела смеа на моето лице...Секој ден Му благодарам на Бога што сум твоја мајка 🙏🏻
Мојата најголема молитва отсекогаш е... заедно со татко ти, во добро здравје да
дочекаме да бидеме сведоци на годините кога ти ќе бидеш на наша возраст🤍Ти благодарам за секое чувство што ми го приреди, за бесконечната љубов... ти благодарам моја памучна кукличке.
И мојата радост и мојот мир си ти 🌎
⭐️Да се биде татко на женско дете истовремено значи и да ја изненадиш облечен во костим од нејзиното омилено животинче.
Берк и Јилдиз стапија во брак во септември 2022 година, а во декември следната година објавија дека очекуваат принова.

Неодамна, славниот турски пар блесна во елегантно издание на свечен настан.