Финалниот трејлер за продолжението на филмскиот хит „The Devil Wears Prada“
Последниот трејлер пред премиерата на „The Devil Wears Prada 2“ (Ѓаволот носи Прада 2) ни дозволува да откриеме повеќе од сценариото на филмот кој ги привлекува сите модни ентузијасти.
„Речиси 20 години откако ги одиграа своите култни улоги како Миранда, Енди, Емили и Најџел – Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат на модерните улици на Њујорк и во елегантните канцеларии на списанието „Runway“ во долгоочекуваното продолжение на феноменот од 2006 година кој дефинираше една генерација“ – порачуваат од екипата.
Во позадината на видеото се слуша оригинална песна „Runway“ во изведба на Лејди Гага и Doechii.
Видео