• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Филмови под ведро небо секоја сабота во Градскиот парк

15 јуни 2017, 14:21
  • cподели

Од 17 јуни до 5 август долгите скопски летни ноќи, секоја сабота, ќе можете да ги поминете во Градскиот парк кај Школка, каде Сава осигурување организира кино проекции под ведро небо. Настаните се закажани за 20 часот, а кино проекциите ќе започнат во 21 часот.

Сава кино

„Топлото време ја зголемува фрекфентноста на луѓето низ градот, па кога се размислувавме што убаво би можеле да им подариме на скопјани мислата не однесе до школката во Градскиот парк каде на големи јастуци со пуканки во рака луѓето ќе уживаат во интересната понуда на филмови под ведро небо. Се потрудивме репертоарот да биде разновиден и да ги задоволи различните вкусови и возрасти, па така очекувајте романтика, акција, драма и анимирани филмови за најмалите“, вели Соња Јовановска, раководител на служба за поддршка на продажба, од Сава осигурување.

За отворањето на овој летен филмски фестивал најавена е американската драма „Still Alice“ (2014), во режија на Ричард Глејцер (Richard Glatzer) и Волш Вестморланд (Wash Westmoreland). Главните улоги ги толкуваат Џулиен Мур (Julianne Moore) и Алек Болдвин (Alec Baldwin).

Проекциите се со слободен влез, а за гледачите Сава Осигурување, како домаќин, следењето на филмските проекции ќе го зачини со пуканки, вино и други освежителни пијалоци. Репертоарот на проекциите и сите случувања поврзани со „Сава летнотo кино“ ќе можете да ги следите на фејсбук страницата: https://www.facebook.com/sava.mk/?fref=ts каде ќе ве чекаат подароци и изненадувања.

Сава кино

Веќе 10 години по ред Сава Осигурување како дел од групацијата „Сава Ре“, Љубљана се грижи за сигурноста и безбедноста на своите клиенти и како дел од заедницата во која работи тие се свесни за потребата и важноста да се подобруваат општествените услови во кои жувееме и да се вложува во оддржување и градење на вистинските вредности.

За повеќе информации во врска со нивните понуди и осигурувања можете да ја посетите нивнaта веб страница https://mk.sava.insure/

Трејлер за Still Alice

Tags
Сава

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.