• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Фестивалот за Европски авторски анимиран филм Flipbook Film Festival 2021 ќе се одржи од 12 до 15 август

11 август 2021, 13:16
  • cподели

Фестивалот за Европски авторски анимиран филм Flipbook Film Festival 2021 ќе се одржи од 12 до 15 август 2021 година.

На повикот пристигнаа приближно илјада кратки анимирани филмови од цела Европа, а беа селектирани вкупно 90 филмови во четири натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм.

Во главната селекција за најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 19 наслови, најдобрите европски остварувања од минатата година, кои имаат учествувано и освоено награди на најголемите светски филмски фестивали: Анеси, Анимафест, Отава, Клермон-Феран. Меѓу останатите, ќе бидат прикажани и македонските анимирани филмови „Живот во меур“ на Никола Дрвошанов и Натали Мекмехон, и „Збрчкано“ на Горан Димов.

Flipbook Film Festival 2021

Во категоријата за најдобар студентски анимиран филм ќе се натпреваруваат вкупно 20 филмови. И оваа година во студентската категорија ќе бидат прикажани филмови кои авторите ги прават за време на своето студирање на европските филмски академии и неоптоварени од буџети, продукции и рокови, можат да си дозволат целосна авторска слобода и ентузијазам. Во студентската селекција ќе биде прикажан и македонскиот филм „ГамГам“ на авторката Кристина Данаиловска.

Голем интерес на минатото издание на фестивалот предизвика натпреварувачката селекција на анимиран документарен филм, хибридна филмска форма која во последните десетина години зазема се позначајно место во изразот кај многу документаристи и аниматори. Оваа година ќе биде прикажана и селекција на анимирани музички спотови, вкупно 22 анимирани видеа на некои од најголемите музички имиња во светот. Меѓу нив и три македонски музички видеа на Гоце Илиевски, на бендот Искра и на Ивона Ѓорѓиовска за песната „Парфем“.

За наградите од главната селекција и селекцијата на музички видеа ќе одлучуваат Александра Лавска од Полска, програмски директор на фестивалот „Short Waves“, Славе Лукаров од Хрватска, директор на фестивалот Супертун и Михаил Наумов, македонски автор добитник на специјалната награда од жирито за филмот Карантин на минатогодишното издание на ФФФ. За наградите од селекцијата на анимирани документарци и студентската селекција, ќе одлучуваат Мартина Мештровиќ од Хрватска, минатогодишната добитничка на специјалната награда од жирито за филмот „Мачката е секогаш женско“, Ката Гугиќ од Хрватска, минатогодишната добитничка на главната студентска награда на ФФФ за филмот „Cockpera“ и македонскиот филмски критичар Златко Гелески.

Покрај физичкото издание на фестивалот, со бесплатни филмски проекции и изложби, на отворено во паркот на Младинскиот Културен Центар, заради ситуацијата со корона вирусот, Flipbook Film Festival 2021 ќе има и онлајн издание. Од 12-15 август македонската публика ќе има можност, бесплатно, на платформата Cinesquare, да ги гледа сите филмови, да гласа и да ја додели наградата за Најдобар анимиран филм од онлајн публиката.

Tags
Flipbook Film Festival

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.